Со ревијален натпревар меѓу тимовите на „Локалната самоуправа и спортските работници“ и „Легендите на ФК Вардар“ синоќа на спортското игралиште во населбата Триангла беше отворен традиционалниот фудбалски турнир „8 Септември“.
На натпреварувачите на турнирот, кој од година во година станува се помасовен, успех и добра игра им посакаа градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
Ревијалниот натпревар заврши со победа на тимот на „Легендите на ФК Вардар“ со резултат од 2:1.
На турнирот „8 Септември“ ќе учествуваат повеќе од 60 фудбалски екипи.
Фудбалскиот турнир „8 Септември“ се одржува по 6-ти пат и е во организација на „БА-ТУ-ТА Скопје“, финансиски поддржан од Град Скопје и општина Гази Баба.