ФОТО: Коби Брајант тешко повреден

Од:

Во последните секунди од ноќешниот дуел на гостински терен против Атланта со тешка повреда на скочниот зглоб се здоби Коби Брајант, најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс.

При резултат 94:92 а противничкиот тим, Брајант се обиде во свој стил со влез и скок-шут наназад да го изедначи резултатот, противничкиот играч Донти Џонс во обид да го спречи „влета“ во него а Коби при падот го повреди зглобот и остана да лежи на паркетот.

kobi-povreden

Во изјава по натпреварот Брајант потегот на Џонс го оквалификува како неспортски, а одлуката на судиите да не досудат прекршок како неправилна.

– Судиите мора да го заштитат шутерите. Не може туку така буквално да се влета во играч и да не се досуди ништо. Посебно опасни се ситуациите кога играчот што шутира скока наназад, рече ѕвездата на Лејкерси.

Mar 13, 2013; Atlanta, GA, USA; Los Angeles Lakers shooting guard Kobe Bryant (24) grabs his ankle before coming out of the game at the end of the second half against the Atlanta Hawks at Philips Arena. The Hawks won 96-92. Mandatory Credit: Daniel Shirey-USA TODAY Sports

Тој не сакаше да прогнозира колку ќе отсуствува од кошаркарските терени, но рече дека ќе ги слуша советите на лекарите со цел што е можно побргу враќање на натпреварите.

kobi-povreden3

Лејкерс покрај загубата на Брајант ноќеска го загубија и натпреварот со Атланта, епилог што ги врати чекор назад во обидот по лошиот старт на сезоната да изборат пласман во плеј-офот.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите