ФОТО: Јакимовски со признание за унапредување на каратето

Од:

Изминатиот викенд, на 7-ми септември 2013. година, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се стекна со плакета-благодарница за унапредување на спортот, со посебна заслуга за развојот на каратето во Македонија, од Карате-клубот „Аеродром“.

Овој карате-клуб, петта година по ред, организира „Вадодан-ден“, ден за дружба на вадорју карате-мајсторите и шотокан-мајсторите од Македонија, кој годинава се одржа во Сарај.

karateStevce (1)На денот за дружба, посебни благодарници за унапредувањето на спортот во Македонија добија повеќе личности заслужни за развојот на каратето, а меѓу нив Живко Аврамов, Ѓорѓи Тасевски, Владе Мирчевски, Исмет Мехмети, Бесник Мурати, Драган Стојановски, Чедомир Саздовски, Јован Јакимовски, Петар Ѓозев и Цветко Кузевски од Македонија и Димитар Тренков и Стојан Геков од Бугарија.

Посебна благодарница, со потпис од сите вадорју-мајстори присутни на манифестацијата, доби градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како особено заслужен за промоцијата на карате-спортот во Македонија и за унапредување на спортот воопшто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош