ФОТО: Фергусон „доби“ улица во Манчестер

Од:

Во градот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед, вчера на една улица поставена е табла со името на легендарниот менаџер Алекс Фергусон.

Човекот кој повеќе од две и пол децении го предводеше клубот до многу титули во Европа и во домашните натпреварувања им се заблагодари на сите од Јунајтед со кои соработувал во текот на неговата кариера.

fergusonStreet2

– Им благодарам на сите со кои имав можност да работам во клубот кој пред 26 години ме повика да седнам на тренерската клупа. Го прифатив тој огромен предизвик, а еве сега се наоѓам тука каде е поставена табла со моето име, изјави Фергусон кој во моментов ги извршува функциите директор и амбасадор на клубот.

Улицата „Сер Алекс Фергусон“ порано се викаше „Вотерс рич“ и се наоѓа пред стадионот на Манчестер Јунајтед, „Олд Трафорд“.

fergusonStreet1

Општинските власти одлуката за преименувањето на улицата ја донесоа во септември како награда која се доделува на најценетите нејзини граѓани.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска