Босанските „Змаеви“ вечерва точно на полноќ го играат првиот натпревар од Светското Првенство каде во групата „Ф“ се среќаваат со селекцијата на Аргентина која важи за фаворит во пресрет на овој натпревар.
Во Босна и Херцеговина фанатична атмосфера, сите се во ичекување за историскиот меч со Аргентина.
Според информациите кои пристигаат од оваа балканска земја, се вели дека тамошните власти дозволиле локалните угостителски објекти да работат и во доцните ноќни часови, се со цел да се задоволат големиот број фанови на босанските „Змаеви“.
За таа цел навивачите го „испекоа“ Меси.