Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Од:

Рефлексите на возачот на Формула 2 Исак Хаџар ги воодушевија љубителите на автомобилизмот откако за влакно избегна катастрофа на патеката во Монте Карло.

Возачот на Роден Моторспорт, Тиомо Мијата, при влегувањето во тунелот имал проблем со својот автомобил и ја намалил брзината по самиот свиок, така што речиси било невозможно да биде забележан во „слепиот агол“.

Младиот 19-годишен Хаџар со полна брзина влезе во тунелот и за миг се доближи опасно до Мијата, но со чудесен рефлекс го сврте воланот и за влакно избегна да удри во Мијата.

Моментот на магија на францускиот вундеркинд ги остави во чудо дури и коментаторите, кои не можеа да поверуваат што се случува пред нивни очи.

Снимката од неверојатниот рефлекс на Хаџар брзо стана вирална на социјалните мрежи, бидејќи фановите останаа со неверување како тој ја избегнал трагедијата, а само забавената снимка откри за каков чудесен маневар всушност станува збор.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он