Формула 1 се засилува со Ролекс

Од:

Прославениот бренд за луксузни часовници, Ролекс, денеска е објавен како нов партнер на светското првенство во Формула 1 во поглед на мерењето на времето.

Досега оваа титула ја носеше корејската компанија ЛГ, додека претходно како официјален мерач беше Сименс. Системот за мерење на времето е во голема мерка автоматизиран и лиценциран од ФИА, така што не би требало да се очекува промени во начиниот на извршување на мерењето, па оваа зделка треба да се сфати повеќе како комерцијално брендирање на измерените резултати.

– Нема сомнение дека Ролекс е посакуван партнер за светска серија од висока класа како Формула 1. Престижот на брендот, извонредноста на часовниците, како и страсната и долгорочна посветеност на Ролекс кон моторспортот даваат вистински кредибилитет. Ова партнерство е нешто што многу луѓе заинтересирани за Формула 1 го очекуваа и со право треба да бидат возбудени. Ролекс има неверојатно спортско наследство и затоа овој спорт е вистинско место за него,- се вели во соопштението за јавноста, потпишано од промоторот на првенството Берни Еклстоун.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он