Локалната корејска новинска агенција „Јонхап” објави дека е можно во недела патеката „Јеонгам” да биде зафатена од тајфун што би значело и одложување на трката.
Метеоролошките агенции предупредуваат за дожд и ветер.
Ако циклонот всушност дојде до патеката „Јеонгам”, тоа нема да биде за прв пат. За време на ГН на Кореја 2010 пороен дожд го забави лансирањето на првата трка, но не успеа да го прекине.