Берни Еклстоун денеска потпиша 15-годишен договор со организаторите на ГН на Америка.
Иако беше планирано оваа трка да влезе во календарот уште оваа сезона, финансиските проблеми кои ги имаа организаторите условуваа промени во плановите.
“Се надевавме дека трката ќе биде подготвена за јуни оваа година, но на крајот на есента сфативме дека нема да имаме време да ги исполниме барањата на Формула 1. Благодарејќи на трпеливоста и безрезервната поддршка на Еклстоун и менаџментот на Ф1, успеавме во тоа и сега имаме долгогодишен договор, кој влегува во сила од јуни 2014. година“, изјави Лео Хајндри Јуниор, извршниот директор на трката.
Патеката ќе поминува низ градот Вихоукен и Западен Њујорк, додека облакодерите, кои се симбол на градот, ќе останат во позадина на трката која ветува голем спектакл.