Формула 1: Ништо од Њу Џерси

Од:

Сопственикот на комерцијалните права во Формула 1, Берни Еклстон потврди дека  трката во Њу Џерси нема да се вози наредната година.

Главни причини за ваквата одлука се доцнењето на градежните работи и недостигот на пари во буџетот.

Првично, трката беше планирана да се вози во јуни следната година.

„Нема да се вози следната година. Не знам како планираат да ги завршат сите работи за половина година, особено кога се знае какви се зимите во Њујорк. Многу работи застанаа во Њу Џерси, иако тие се обидуваат да најдат пари“, изјави Еклстон за „Eurosport“.

Одредени шпекулации говорат дека Трката за Големата награда на Мексико би можела да биде вметната во календарот на Формула 1 во сезоната 2013.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он