Познати се три четврфиналнаи пара на евро-шампионатот во одбојка во машка конкуренција. Досега влез помеѓу најдобрите осум обезбедија: Германија, Русија, Србија, Франција, Полска, Украина и Словенија.
Првите три четвртфинални пара се:
Русија – Словенија
Полска – Германија
Србија –Украина.
Ова е епилогот по натпреварите одиграни во текот на влерашниот ден на кои беа постигнати следниве резултати:
Холандија – Германија 1:3
Русија – Грција 3:0
Србија – Чешка 3:0
Франција – Финска 3:0
Словенија – Бугарија 3:1
Белгија – Украина 2:3
Полска – Шпанија 3:0
Осминафиналето ќе биде комплетирано денес со мечот Италија – Турција. Победникот од овој дуел во четвртфиналето оди на Франција.