Мојсовски: Пласманот на ЕП е огромен успех за македонската одбојка и спорт

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски денеска организираше прием по повод пласманот на македонската одбојкарска репрезентација на 32-то Европското првенство (ЕП), што ќе се одржи во четири европски држави во втората половина на годинава.

– Ми претставува огромна чест и задоволство што денеска сум домаќин на раководството на Одбојкарската федерација и македонските одбојкари, кои со пласманот на ЕП постигнаа огромен успех, изјави Мојсовски.

Директорот на АМС истакна дека 2021 е година на големи постигнувања на македонскиот спот.

– Оваа година ја започнавме со учество на ракометарите на Светското првенство, ни претстојат настапите на фудбалерите и одбојкарите на европските првенства, а искрено се надевам дека по нивниот пат ќе тргнат и кошаркарите, рече Мојсовски.

Тој посочи дека АМС ќе продолжи да ги помага националните спортски федерации за нови успеси на меѓународен план, нагласувајќи ја особено важноста спортистите да имаат добри услови за тренинг.

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Петар Јовановски на заедничката прес-конференција на која присуствуваа и репрезентативците Ристо Николов и Владо Митев, и се заблагодари на АМС за досегашната успешна соработка, апелирајќи, притоа, пласманот на ЕП да биде соодветно финансиски награден.

– Би сакал да се обратам до Владата, ако сме рамноправни спортисти со другите, би сакал и одбојкарите да ја добијат истата награда како фудбалерите за пласманот на ЕП, посочи Јовановски.

Репрезентативецот Ристо Николов, од своја страна, оцени дека македонските одбојкари одиграле „одличен квалификациски турнир“ и изрази надеж дека настапите на европските првенства „ќе станат наша навика“.

Македонските одбојкари обезбедија втор едноподруго пласман на ЕП на минатонеделните квалификации во Скопје, завршувајќи второпласирани во група Ц со идентичен број бодови како и првопласираната Турција. Македонската репрезентација забележа две победи над Босна и Херцеговина и голем триумф во последното коло над фаворизираната Турција.

Домаќини на ЕП ќе бидат Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска