Србите владеат со европската одбојка

Од:

Србија ја победи Словенија со 3:1 (по сетови 19:25, 25:16, 25:18, 25:20) во финалето на Европското првенство во одбојка. Со овој успех, нашите северни соседи го повторија подвигот на нивните женски колешки, кои истотака се актуелни владетели на Стариот континент.

Атанасијевиќ, Ковачевиќ и Петриќ беа одбојкарите со најмногу поени, но Србите кои дојдоа до трето злато по осамостојувањето, одиграа и феноменална одбрана, едноставно го уништија противникот со своите блокови.

Словенците направија подвиг со пласманот во финалето, но иако овојпат не играа во Љубљана, и во финалето во Париз го добија првиот сет. Сепак, вториот и третиот сет беа клучни, исто како во полуфиналето кога Србите ја победија домашната Франција во најтешкиот меч за нив.

Би можело да ве интересира

ЕП во одбојка: Словенија и Италија во денешното финале

Ана Ололовска

Формирани осминафиналните парови на ЕП во одбојка

Ана Ололовска

Мојсовски: Пласманот на ЕП е огромен успех за македонската одбојка и спорт

Ана Ололовска

Одбојкарите го почнаа проектот Европско првенство 2021

Катерина Ѓуровски

Италија последен четвртфиналист на ЕП во одбојка

Формирани три четвртфинални двојки на Европското првенство во одбојка