„Форбс“ објави листа на најскапите спортски клубови

Од:

Списанието „Форбс“ објави листа на најскапите спортски клубови на планетата, а куриозитет е тоа што англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед забележа пад и испадна од најдобрите пет.

Американскиот рагби НФЛ-тим Далас каубојс е проценет на пет милијарди долари и со тоа ја понесе титулата најскап спортски клуб на светот.

Бејзбол-екипата Њујорк Јенкис е втора (4,6 милијарди долари), а фудбалскиот клуб Реал Мадрид е на трето место (4,24 милијарди долари). На 4. место е Барселона со 200 милиони помалку, а петти е кошаркарскиот НБА-тим Њујорк никс. Манчестер јунајтед, кој лани беше втор тим на листата, сега е на шесто место.

Преостанатите четири екипи од најскапите 10 се Њу Ингланд пејтриотс (НФЛ), Лос Анелес лејкерс (НБА), Голден Стејт вориорс (НБА) и Њујорк џајантс (НФЛ).

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он

Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

А1он

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

„Форбс“: Богатството на Маск се зголеми за околу 10 милијарди долари

Катерина Ѓуровски