Фудбалерот на Арсенал Метју Фламини верува дека е дојдено времето и „Топџиите“ да се израдуваат на шампионскиот трофеј во Премиер лигата.
– Ова сезона имаме јасни амбиции да го освоиме самиот врв. Сакаме шампионска титула и да се натпреваруваме во Лигата на шампионите. Имаме квалитетни фудбалери за високи дострели. Одиме по трофеи, бидејќи клубот и навивачите долго време ги чекаат, изјави Фламини за англиските медиуми.
Францускиот интернационалец во Арсенал се врати од Милан, откако претходно во периодот 2004-2008 година беше играч на Арсенал.
Последен трофеј што има освоено Арсенал е пред осум години кога победи во ФА Купот, а нивна последна шампионска титула во Англиското фудбалско првенство е од сезоната 2003/04.