ФК Војводина го ангажираше Андреас Бреме

Од:

Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме ангажиран е во српскиот фудбалски клуб Војводина со цел позиционирање на клубот во државата и странство, јави РТ Војводина.

– Ниту еден момент нема да се мешам во работата на тренерот Ивановиќ. Моја задача ќе биде да работам со луѓето во управата да добие клубот позиција каква што заслужува, изјави Бреме.

Некогашниот германски репрезентативец и член на Баерн, Интер и Кајзерслаутерн беше претставен денеска во Нови Сад во дршуство со претседателот на НО на клубот Драгослав Вуковиќ.

Од новосадскиот клуб нагласија дека „Војводина презема исчекор во однос на вообичаените фудбалски релации во Србија“.

Бреме ќе остане запаметен по тоа што со гол во 85 минута за репрезентацијата на Германија и донесе титула првак во светот во финалето против Аргентина во 1990 година во Италија.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска