ФК Тетекс Тетово со победа ја заврши есенската полусезона во Втората лига запад

Од:

Фудбалерите на Тетекс од Тетово го совладаа Вардар од Форино со 3-1 во последниот натпревар од есенската полусезона во Втората фудбалска лига запад. Стрелци на головите беа Мирослав Јовановски во 9-та минута, Лазар Пеев во 20-та минута и Никола Димовски во 66-та минута. Единствениот гол на гостите беше на Таири во 66 минута.

– Тетекс освои 13 бодови и се пласираше на осмото место. Денешната е втора победа по ред на тетовските фудбалери од вкупно 4-те добиени натпревари. Во вкупно 16 натпревари имаше и еден нерешен дуел и 11 изгубени дуели. Во полусезоната победите беа над Дрита, Кадино и Вардар Форино на домашен терен и против Влазрими во Кичево. Дадени се 13, а примени 26 голови. Заадоволни сме сега на крај од полусезоната со пласманот на осмо место од вкупно 10 екипи со што е избегната опасната зона на последните две места за испаѓање, соопштија од управата на клубот.

На денешниот натпревар на градскиот стадион во Тетово, Тетекс играше со нови дресови, а за одбележување е настапот на 18 годишниот Виктор Јовановски од младинскиот состав кој влезе во игра во 81 минута на местото на стрелецот Пеев.

Првенството продолжува на 27 февруари 2021 година со дуел против Кадино.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска