ФК „Караорман“ одбележува 90 години постоење

Од:

Фудбалскиот клуб „Караорман“ од Струга денеска и утре со низа активности ќе го одбележи јубилејот 90 години постоење.

Во рамки на програмата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  вечер ќе се одржи свечена академија, каде ќе бидат доделени медалји и благодарници за придонес и непрекинат развој на клубот. Ќе биде отворена и изложба со фотографии од „Караорман“ низ времето. Во знак на одбележување на јубилејот утре ќе се одржат повеќе фудбалски натпревари.

Во своето постоење ФК „Карорман“, според секретарот Љупчо Мојсоски. Имал големи успеси, променливи игри и падови, но и со што да се горде.

– Најзабележителни се годините 1957/58 кога „Караорман“ стана првак на Македонија и со успешните бараж натпревари се стекна со право на квалификации за пополнување на Втората фудбалска лига. Поголем успех е и пласманот во полуфиналето во Купот на Македонија 2002/2003. Од тука излегоа и многу репрезентативци кои ги бранеа боите на репрезентацијата на Македонија, меѓу кои се Артим Шаќири, Величе Шумуликоски, Горан Ниноски, Артим Положани и Фљамур Таири,, како и голманот Лазо Липоски кој беше член на првата Македонска фудбалска репрезентација која славеше победа над Словенија од 4:1, информира Мојсоски.

Дел од постарите фудбалери кои поминале низ редовите на струшки „Караорман“ се сеќаваат на создавањето на екипата.

– Јас сум од генерација 1958 година од првиот подмладок на „Караорман“, а играв до 1973 година. Бевме хомогена екипа и не можам да ги избришам од паметење многу мои соиграчи  од таа генерација, кои повеќе не се меѓу нас, вели Аџидимир Ќазими.

За Паско Ѓоргоноски, фудбалот е место каде стекнал долгогодишни пријатели, играле аматерски, но сепак постигнале и успеси.

– За „Караорман“ играв десет години. Фудбалот го игравме аматерски, од срце, а стекнав и многу пријатели. Имавме големи успеси и нашата генерација од далечната 1958 година беше една од најуспешните. Секогаш другарството постоело во „Карорман“ кој има успешни кадри, успешни тренери. „Карорман“ е и расадник на многу успешни фудбалери. Денеска ми е мило што теренот е зачуван и што се формирани пионерски и младински фудбалски школи, изјави Ѓоргоноски.

Фудбалскиот клуб „Караорман“ е основан на 23 јуни 1923 година во куќата на Димитри Попчето од група напредни младинци, работници и студенти. Првиот фудбалски натпревар се одиграл на 19 јуни 1924 година со С.К. „Победа“ од Охрид. Во текот на своето постоење клубот се натпреварувал во повеќе фудбалски лиги, а 28 натпреварувачки сезони одиграл во Првата македонска фудбалска лига.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска