ФК „Каменица Саса“ прв инклузивен клуб во државата

Од:

Фудбалскиот клуб „Каменица Саса” започнува со нова инклузивна програма насловена „Фудбал за сите” Како што информираат од клубот, целта на програмата е инклузија на лица со телесен хендикеп во фудбалската игра.

– „Сите сме исти“ и „Исто се радуваме на убавиот гол и фудбалски потег“ се постулати на програмата која на почетокот треба на лицата со попреченост и телесен хендикеп да им обезбеди постојани тренинзи. Предвидени се и натпревари со други екипи на лица со попреченост и телесен хендикеп, за што како ФК Каменица Саса веќе имаат упатено и покани, информираат од каменичкиот второлигаш.

Активностите од оваа програма, како што додаваат од клубот опфаќаат и натпреварувачки дел.

– ФК Каменица Саса како дел од овој проект или кампања ќе иницира и формирање на Лига за натпреварување помеѓу инклузивни клубови во државата. Се надеваме на голема поддршка за реализација на оваа иницијатива која согласно интересот ќе биде проширена и со нови содржини, дополнија од ФК ,,Каменица Саса”.

Пред само неколку денови второлигашот од М.Каменица ја спроведе и првата еко акција во рамки на кампањата ,,Дај гол, засади дрво” во која учествуваа младинските и детските лиги на клубот. Во рамки на акцијата која беше потпомогната од општина Македонска Каменица, Рудник САСА и спроведена со логистичка поддршка од Јавното претпријатие „Камена Река“ и ЈП „Национални Шуми“ беа засадени 197 садници според бројот на постигнати голови на клубот во сите натпревари од есенскиот дел од првенството.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска