ФК Борец од Велес има нови сопственици – Брчкови го купија од Кочо Анѓушев за 32.000 евра

Од:

Во блок-трансакција од околу два милиони денари или околу 32.000 евра денеска на Македонската берза се продадоа 2.500 акции од ФК Борец 1919 АД Велес. Акциите се продадоа по цена од 805 денари за акција.

Нови сопственици на клубот се велешкиот кошаркарски репрезентативец Владимир Брчков и неговиот братучед бизнисменот Марио Брчков. „Идејата е на мојот братучед Марио, кој ме побара да му помогнам бидејќи сметаше дека моите конекции и искуство во професионалниот спорт ќе помогнат многу. Го сакам Велес, го сакам фудбалот и сметам дека велешани заслужуваат да имаат свој клуб во првата лига“, изјави Брчков.

Досегашниот сопстеник на клубот Кочо Анѓушев остана на зборот и клубот го предаде без никакви долгови, а на новите сопственици им посакал среќа во понатамошното менаџирање на ФК Борец.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден