ФИРОМ, а не Македонија да биде организатор на Балканското првенство во едрење во Охрид

Од:

46-тото Балканско првенство во едрење кое завршува вечерва во Охрид, се одржа без присуство на спортистите од соседна Грција. Грците побарале како организатор на овој натпревар да стои ФИРОМ, а не Македонија. Ова го потврди и претседателот на Едричичарската федерација на Македонија, Стефан Ставров.

„До Грција беше испратена покана дека се добредојдени и ги чекаме во Охрид. Но сепак нашите јужни соседни не дојдоа во Охрид за да учествуваат на оваа Балканијада“, рече Ставров.

Ставров вели дека е крајно илузорно да се бара на домашен терен да се претсавуваш како ФИРОМ.

„Ниваната држава ги диктира сите услови. Министерството за надворешни работи на Грција даде упатство дека мора ако сакаме да дојдат Грците во Охрид треба во сите документи и материјали како организатори да стои Поранешна Југословенска Република Македонија.

– Ние по консултација со нашето министерство за надворешни работи одговоривме дека како организатори можеме да си го користиме нашето уставно име во сите документи и во сите материја бидејќи ние сме Едрличарска федерација на Република Македонија.

– Ние условите од Грција не ги прифативме. Од грчка страна и од нивното министерство за надворешни работи на крај не добивме одговор дали доаѓаат или не“, рече Ставрев.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски