Во рамките на културното лето Три Круши а како дел од најактуелните спортски случувања, општина Кисела Вода ги кани сите граѓани да дојдат на „Три Круши“ во село Драчево за да го проследат финалето од Светското првенство помеѓу репрезентациите на Аргентина и Германија.
– Општината обезбеди голем видео бим на кој може да се проследи натпреварот на отворено и им излегува во пресрет на страстните спортски навивачи, се наведува во соопштението на општина Кисела Вода.