Финале ЕП: Атлетичар колабира на 10 метри од целта, се удри со глава во патеката

Од:

Страшна сцена на крајот од финалето на Европското првенство во атлетика.

Шпанскиот спринтер Енрике Љопис доживеа страшен пад во финалето на трката на 60 метри на Европското првенство во атлетика. Се сопна на последната пречка, силно удри со глава и лежеше неподвижен на патеката. Кога трката заврши и другите натпреварувачи си честитаа, околу него се одвиваше драматична сцена.

Љопис (22) лежеше на патеката, а стјуардите веднаш донесоа чаршафи, по протокол, да не го гледа јавноста онесвестениот атлетичар. Лекарите веднаш му помогнаa, ужасната глетка траееше цела вечност, а потоа беше изнесен на носилки. Според првите информации од истанбулската клиника Атакој, тој се освестил и во свесна состојба бил изнесен од патеката.

Подоцна на Твитер и самиот се сними и кажа дека е во добра состојба, но задржан во болницата.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди