Претседателот на Светскаат фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино изјваи дека видео-технологијата ќе се користи на натпреварите на Светското првенство во Русија, следната година.
Видео-технологијата која вклучува дополнителни судии на стадионот се покажа како многу добра и ФИФА одлучи на Мундијалот во Русија да ја користи при спорни моменти и со тоа да ја зголеми регуларноста на средбите.
– Ќе ја користиме новата технологија на СП во Русија. Нема причини тоа да не се случи, кога имаме позитивни искуства од досегашните тестирања, истакна Инфантино.
„Видео-судијата“ на неколкуте тестирања се покажа како перфектен. За време на пријателскиот натпревар меѓу Франција и Шпанија во март, на Французите оправдано им беше поништен гол.