ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал поради скандалот на Светското првенство

Од:

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес е суспендиран од сите активности поврзани со фудбалот.

Рубиалес беше критикуван за неговите постапки откако женската фудбалска репрезентација на Шпанија го освои Светското првенство. Предводникот на шпанскиот фудбал ја бакна во уста играчката Џенифер Хермосо и крена голема прашина.

Јавноста го осуди тој потег, но Рубиалес и покрај сите притисоци не сакаше да се повлече од функцијата претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз. Сепак, стигна првата реакција од фудбалскиот свет.

„Не му дадов согласност на претседателот Луис Рубиалес да ме бакне“, изјави Хермосо и на тој начин ја реши секоја мистерија, ако воопшто има некоја мистерија.

Сега ФИФА се вклучи во случајот и го суспендираше Рубиалес. Дисциплинскиот претседател на ФИФА Хорхе Иван Паласио привремено го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал од сите фудбалски активности на три месеци.

Тоа вклучува извршување на сите активности поврзани со националниот и меѓународниот фудбал, така што Шпанија сигурно ќе има нов претседател на Фудбалската асоцијација.

До каде отиде се најдобро говори податокот дека дури 81 фудбалерки од Шпанија потврдија дека никогаш повеќе нема да играат за репрезентацијата, додека на таа позиција е актуелниот претседател. Без разлика на неговата одлука да остане, Рубиалес сега ќе биде принуден да ја отстапи функцијата на некој друг.

Би можело да ве интересира

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

Љубовницата на поранешниот италијански министер во нов скандал: Поради очилата и е забранет влез во парламентот

Предраг Петровиќ

Фудбалерка го соблече дресот во финалето на Лигата на шампиони откако ја донесе титулата на Барселона

За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

A1on

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Дафина Стојановска: Не му е ова првпат, Маричиќ заборава дека не е во филм за возрасни

A1on