ФИФА го казни Деле Али со еден натпревар суспензија

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) му изрече казна од еден натпревар на англискиот репрезентативец Деле Али.

Играчот на Тотенхем, казната ја заработи за непристојното однесување на натпреварот против Словачка во квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија, кога на својот соиграч од репрезентацијата Кајл Вокер му покажа со средниот прст.

ФИФА прво започна истрага против Али, сметајќи дека фудбалерот непристојно гестикулира кон главниот судија на натпреварот, но Англиската фудбалска асоцијација и самиот Али се обидуваа да докажат дека тоа било само „пријателско поздравување“ со својот соиграч.

Деле Али нема да може да игра на следниот меч на Англија против Словенија в четврток на „Вембли“, но ќе биде на располагање на селекторот Герет Саутгејт, за последниот дуел во квалификациите против Литванија.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

Саутгејт си поднесе оставка