ФИФА го истражува Манчестер Сити

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Манчестер Сити заради можно прекршување на правилата со кои се забранува сопственоста на играчи од трети земји.

Според весникот „Политикен“, „граѓаните“ имаат потпишано договор со данскиот клуб Нордсјеланд, според кој англискиот клуб може да прима африкански фудбалери од нивната академија.

Училиштето „Право на сон“се наоѓа во Африка, но е во сопственост на клубот од Данска. Според условите на договорот, Нордсјеланд треба да ги обезбеди најдобрите услови за потенцијален трансфер на таленти од академијата во Манчестер Сити.

Претседателот на данскиотклуб ги негира информациите на данското издание и цврсто е убеден дека африканските фудбалери не се обврзани да преминуваат во ниту еден клуб.

Ова е уште еден удар за Манчестер Сити, откако „Фудбал ликс“ излезе со откритија дека „граѓаните“ ги заобиколиле правилата за финансискиот ферплеј со помош на старото раководство на УЕФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

Саутгејт си поднесе оставка