ФИА забрани шифрирани пораки преку радио

Од:

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) донесе одлука да им ја ограничи комуникацијата на возачите во Формула 1 преку тимското радио со луѓето за поддршка во боксот.

Одлуката стапува на сила веќе од следната трка која ќе се вози за Големата награда на Сингапур.

ФИА ова одлука ја објаснува со желбата возачите да имаат поголема слобода при преземање одредени потези за време на трките.

Забраната на ФИА се однесува за праќање шифрирани пораки, а објавен е список на видот на пораки кои се дозволени.

Меѓу дозволените пораки се оние кои се однесуваат на изборот на пневматици при влегувањето во боксот, како и информација за можната стратегија на возачот.

Правилникот на ФИА јасно прецизира дека возачите мораат да управуваат со болидот сами и без помош од страна.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он