ФИА разгледува можност за укинување на сините знамиња во Ф1

Од:

Светска автомобилистичка федерација (ФИА) ја разгледува можноста да го укине синото знаме на трките од шампионатот во Формула 1.

Сините знамиња во Ф1 се користат за предупредување кон пилотите што заостануваат да ги пропуштат побрзите без да им пречат. Овој систем често е критикуван од бавните тимови, бидејќи во моментов на пропуштањето тие може да се борат за позиција и да загубат предност.

За разлика од нив, водечките пилоти ги поздравуваат сините знамиња и редовно се жалат дека оние на „опашката“ не се движат доволно брзо.

Според информации од ФИА шансите да се укине синото знаме се нешто под 50%, но тие постојат.

Би можело да ве интересира

Синот на претседателот на ФИА загина во сообраќајна несреќа

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска