Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ќе овозможи вонредно тестирање на гумите на компанијата „Пирели“ поради решавање на проблемите кои се појавија на неделната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Силверстоун“.
Иако раководството на ФИА неодамна привлече внимание со казната за „Мерцедес“ поради прекршување на правилата за забраната за тестирање во текот на сезоната, а „Пирели“ кој е официјален снабдувач со гуми во Ф1 доби опомена, сепак поради безбедноста на возачите ќе се направи отстапка.
Ваквата одлука е резултат на жестоките реакции на возачите во Формула 1 кои сметаат дека нивните животи во Силверстоун беа загрозени.
На тестирањата на пневматиците на компанијата „Пирели“ планирани за следната недела во Барселона, нема да учествува „Мерцедес“ поради учество во корпорациските тестови на „Пирели“.