Светската автомобилистичка федерација (ФИА) по успешно направените проби одлучи од следната сезона да го воведе правилото виртуелен сигурносен автомобил – (VSC).
На овој потег ФИА се реши по тешката несреќа на трката за Големата награда на Јапонија кога настрада возачот на „Маруси“ Жил Бјанки.
До несреќата дојде, откако претходно излета болидот на Адриан Сутил. Токму таквите ситуации, оштетен болид и интервенција на и околу патеката без потребното излегување на сигурносното возило, се погодни за виртуелниот сигурносен автомобил.
Според најавите, контролата на трката во случај на такви ситуации ќе реагира преку (VSC) по што возачите ќе мораат да забават за 35% од стандардната брзина. На тој начин редарите ќе имаат доволно време да реагираат како би го отстраниле болидот или евентуално би го санирале проблемот на самото место.