ФИА го објави календарот за 2013

Од:

Трката во Њу Џерси беше поместена за 2014 година, се создаде празнина од три седмици меѓу ГН Канада (9 јуни) и ГН Британија (30 јуни).

Светскиот совет за моторспорт на ФИА го определи датумот 21 јули како можен слот за нова европска трка.

Во медиумите се шпекулираше со враќањето на француското гран при, но можната дата (23 јуни) беше посочена како резервирана за легендарната трка на издржливост „24 часа Ле Ман“. Оттука, повеќе шанси и се даваа на Турција, но името на резервната трка сепак не е објавено бидејќи потребна е согласност од спортската федерација на Германија. Новиот календар предвидува германското гран при наместо на 14 јули, да биде една седмица порано, па резервната трка би дошла по пауза од две седмици на 21 јули, по што би следувала ГН Унгарија на 28 јули.

Останатите датуми во календарот засега се непроменети, иако англискиот Аутоспорт објави реакција на промотерите од американската трка во Остин, кои посакуваат друг термин за трката, бидејќи се судира со локалното дерби од американскиот фудбал меѓу Тексас и Оклахома. ФИА не реагираше на ова барање, но се верува дека е можно американската и бразилската трка да ги заменат позициите, што е најбезболна варијанта и ги почитува зацртаните датуми.

КАЛЕНДАР ЗА 2013 ГОДИНА

  • 17.03 ГН Австралија, Мелбурн
  • 24.03 ГН Малезија, Сепанг
  • 14.04 ГН Кина, Шангај
  • 21.04 ГН Бахреин, Шакир
  • 12.05 ГН Шпанија, Барселона
  • 26.05 ГН Монако, Монте Карло
  • 09.06 ГН Канада, Монтреал
  • 30.06 ГН Велика Британија, Силверстоун
  • 07.07 ГН Германија, Нирбургринг
  • 21.07 ГН Турција, Истанбул *
  • 28.07 ГН Унгарија, Будимпешта
  • 25.08 ГН Белгија, Спа
  • 08.09 ГН Италија, Монца
  • 22.09 ГН Сингапур, Сингапур
  • 06.10 ГН Јужна Кореја, Јеонгам
  • 13.10 ГН Јапонија, Сузука
  • 27.10 ГН Индија, Ноида
  • 03.11 ГН Абу Даби, Јас Марина
  • 17.11 ГН САД, Остин
  • 24.11 ГН Бразил, Интерлагос

* Турција се уште не е потврдена како локација

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он