ФФМ презентираше стратегија за развој на младите

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на работен состанок со координаторите и претставниците на клубови кои учествуваат во младинските лиги организирани од ФФМ ја презентираше „Националната стратегија за развој на млади селекции со предлог систем на игра“.

Во подготовката на стратегијата за развој на младите селекции учествуваа стручните структури во федерацијата, претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, техничкиот директор Небојша Марковски, координаторот на младите селекции Зоран Стратев, селекторот на репрезентацијата Чедомир Јаневски, директорот на националната селекција Петар Милошевски и други стручни лица.

Ѓорѓиоски пред координаторите и претставниците на клубови го повтори главниот приоритет на федерацијата.

– Веќе ја подготвивме националната стратегија за развој на младинскиот фудбал. Сакаме да имплементираме  ист систем на игра на сите репрезентативни категории, тоа е дел од проектот од националната стратегија. Наше е да им ја дадеме потребната логистика и финансиска подршка. Тоа е првиот вистински чекор за да одиме напред и убеден сум дека на вистински начин ќе биде прифатен, изјави претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска