ФФМ го прогласи Ибраими за фудбалер на годината

Од:

Агим Ибраими го доби признанието од Фудбалската федерација на Македонија за најдобар фудбалер во 2012 година.

Ибраими кој репрезентативец и е член на Марибор (Словенија), ги победи своите конкуренти и соиграчи од репрезентацијата, Горан Пандев (Наполи) и Николче Новески (Мајнц) и во категоријта за најдобар интернационалец.

Победници по категории за 2012 година се:

Најдобар фудбалер: Агим Ибраими (Марибор).

Најдобар фудбалер во странство: Агим Ибраими (Марибор).

Најдобар фудбалер во домашното првенство: Остоја Стјепановиќ (Вардар).

Најдобар стрелец: Филип Ивановски (Вардар).

Најдобар тренер: Илчо Ѓорѓиоски (Вардар).

Најдобар младински фудбалер: Давид Бабунски (Барселона).

Најдобар футсал играч: Зоран Левески (Железарец).

Најдобар стрелец во футсал: Исен Мемеди (Елита).

Најдобар футсал тренер: Зоран Лекиќ (Железарец).

Најдобра фудбалерка во странство: Наташа Андонова (Турбине Потсдам).

Најдобра фудбалерка во домашното првенство: Гентјана Рочи (Наше Такси).

Најдобар стрелец во женски фудбал: Виолета Спировска (Наше Такси).

Најдобар тренер во женски фудбал: Кирил Изов (Истатов).

Најдобра младинска фудбалерка: Анета Ѓорѓиева (Младост).

Најдобар фудбалски работник: Орце Тодоров (Турново).

Фер-плеј екипа: Силекс Кратово.

Најдобар судија: Александар Ставрев.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска