ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 свои навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на кој на 24 март против домаќинот Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека за македонските навивачи се предвидени пет проценти од вкупниот капацитет од 36.000 седишта на стадионот во Палермо.

Во случај на победа над актуелните европски прваци, македонските фудбалери во финалето за пласман на Мундијалот ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција, кој ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто.

Доколку Португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат на стадионот во Порто, а во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.

Би можело да ве интересира

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Од следната сезона ВАР и во македонскиот фудбал

Катерина Ѓуровски

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски