Трикратниот светски шампион во Формула 1 излезе во последните два дена од тестовите на патеката Херез, по тимскиот колега Марк Вебер.
Во првиот ден Германецот извозе 102 круга и заврши трет на табелата со 1:19.052 минути, што беше со 1.173 секунди побавно од времето на Фелипе Маса.
Автомобилот работи многу добро. Тешко се суди за брзината, но во однос на стабилноста, RB9 се држи добро и засега сум задоволен. Убаво е да си напред, но ако има момент во кој тоа нема никакво значење, тоа е сега. Важно е да се направата многу турнеји и да видиме како работи болидот. Тој е еволуција со која направивме уште еден чекор напред, изјави Фетел.