Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ги сподели своите впечатоци од австриското Гран при, каде ја освои десеттата позиција.
– Многу ми беше тешко да го задржам болидот на патеката. Беше многу тешка трка, не знам зошто. Болидот беше многу тежок за возење. Во текот на целиот викенд ги сменивме поставките на предното крило за да постигнеме стабилност на задната оска.
Не успеавме. Ова дефинитивно не е болидот што го имав во петокот. Не знам зошто, мора да видиме што да правиме со тоа. Се обидовме да најдеме некое решение вчера, се чинеше дека е добро. Денес, верувам, имаше продолжение и потврда дека не е во ред.
Вака не можеме да имаме шанса да се бориме за врвот. Мислам дека денешната трка беше многу хаотична. Но, под нормални околности, мислам дека не можеме да сметаме на места над шестото. Во секој случај, ни претстои многу работа, изјави Фетел.
Сепак, неговиот клупски партнер од Ферари, Шарл Леклер, на денешната трка во Формула 1 возена на патеката „Ред Бул“ во Австрија го освои второто место. Победи Валтери Ботас од Мерцедес.