Еклстоун се надева дека Фетел ќе добие фер третман од Ферари следната сезона

Од:

Бaрни Еклстоун ја прокоментира претстојната последна сезона на Себастијан Фетел за тимот на Ферари. Легендарниот поранешен шеф на Формула 1 е близок пријател на четирикратниот светски шампион и вели дека се надева оти газдите во Скудерија ќе го третираат Себ искрено и со должна почит во следната сезона.

Изненадувачки, Фетел одлучи да ја објави својата разделба со Ферари уште пред почетокот на првенството, а се очекуваше тоа да се случи во вториот дел по август. Нормално, секој очекува неговиот соиграч Шарл Леклер да биде третиран како пилот број еден и сите напори на „црните коњчиња“ во нивната борба со Мерцедес и Луис Хамилтон да бидат префрлени на него.

„Себастијан сега има пред себе само една цел и тоа е да биде побрз од Шарл оваа година. Ова се однесува на квалификациите, затоа што со конкурентно темпо тој не заостануваше минатата година. Италијанците нема да можат да прават што сакаат со тимските наредби. Се надевам дека ќе ме побијат и чесно се однесуваат кон него, затоа што би било многу страшно да го гледам како го пуште Леклер пред себе на секој старт. Фетел е силен ментално и многу добро знае какви се игрите во тимот на Ферари. Сепак, без исклучок, на секој пилот на толку високо ниво му е потребна целосна поддршка на тимот за да победи,“ заклучи Британецот.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона