Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел вели дека патеката во Шангај во Кина претставува вистински предизвик за пилотите во Формула 1.
Таа ќе се вози за 8 дена, а трикратниот светски првак, Себастијан Фетел смета дека големиот број на свиоци на патеката во Шангај, ја прават трката една од најтешките за пилотите во Ф1 како и за пневматиците.
„Има многу свиоци што е проблем и за пневматиците и за возачите. Кривините 12 и 13 се тешки затоа што бараат добра техника, посебно оваа вторава, по што следи голем правец“, изјави Фетел, кој има посебни симпатии кон средниот сектор на патеката во Шангај.