Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел го известил својот шеф од Ред Бул, Кристијан Хорнер дека на крајот од сезоната го напушта тимот и се сели во Ферари.
Според дел од светските медиуми, тој веќе има договор со италијанскиот тим во висина од 50 милиони фунти годишно што ќе го направи најплатен возач во историјата на Формула 1.
Образложението на Фетел е дека ваквата одлука не е насочена против Ред Бул, туку позадината е сосема друга, но во јавноста нема да ја изнесува.