Фетел победник во Нирбургринг

Од:

Светскиот првак и возач на Ред Бул, Себастијан Фетел победи на денешната трка за Големата награда на Германија што се возеше на патеката во „Нирбургринг“.

По добриот старт Фетел го презеде водството и изби пред Луис Хамилтон. Германецот знаеше да го зачува првото место иако беше „нападнат“ од Раиконен.

Ова за Фетел беше четврта победа сезонава – 30.та во кариерата, а прва на домашен терен.

Второто место му припадна на Кими Раиконен од Лотус, а трет беше неговиот колега Себастијан Грожан. Зад тројката од пиедесталот се пласира Ферари со Фернандо Алонсо.

И покрај инцидентот во боксот кога му излета едната гума и заврши во телото на еден камерман, Марк Вебер од последното стигна до седмото место.

Во генералниот пласман Фетел е лидер со 157 бодови, Алонсо има 123, Раиконен 116, Хамилтон 99, а Вебер 93.

Кај конструкторите води Ред Бул со 250 бодови, пред Мерцедес со 183 и Ферари со 180.

Следната трка се вози на 28. јули за ГН на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он