Актуелниот шампион во Формула 1 Германецот Себастијан Фтел од Ред Бул е победник на 15 трка сезонава, возена за ГН на Јапонија.
Најмладиот двократен шампион во најбрзиот циркус на денешницата на најдобар начин ја искористи пол позицијата, доминираше од првиот до последниот круг, а целната рамнина ја мина за време 1:28.56 часа. За Фетел ова е трета победа на Сузука, а вкупно 24 во кариерата.
На второто место се пласира Бразилецот Фелипе Маса (Ферари), а на најниското место на подиумот и прв пат во кариерата се качидомашниот пилот Камуи Кобајаши (Заубер).
Првата петорка ја комплетираа Британците Џенсон Батон и Луис Хамилтон (Мекларен).
Најголемо разочарување на трката за ГН на Јапонија беше лидерот во генералниот поредок Шпанецот Фернандо Алонсо, кој по сударот со Кими Раиконен од Лотус, мораше да ја заврши трката уште во првиот круг.
Од испаѓањето на Алонсо најмногу профитира победникот Фетел. Германецот по оваа трка има четири бодови негатива во однос на Алонсо, кој остана на лидерското место кај возачите со со 194 бодови, пред Фетел со 190, и Кими Раиконен со 157 бодови.