Фетел очекува да продолжи жестокото ривалство со Хамилтон

Од:

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел се согласи со широко распространетите мислења дека меѓу него и шампионот Луис Хамилтон повторно може да има тензии и проблеми, ако двајцата влезат во битката за титулата во Формула 1.

Минатата година во Баку, Германецот намерно го удри противникот, сметајќи дека тој го забавува неговото движење на патеката, што доведе до многу коментари и до влошување на односите меѓу нив.

Пред неколку дена пак, Хамилтон на прашање за нивните односи изјави дека „го очекува најлошото, но се надева на најдоброто“ и сега Фетел се согласи со големиот ривал, откако очекувањата се повторно големата битка да биде меѓу Мерцедес и Ферари.

– Се согласувам со него. Мислам дека Мерцедес е фаворит, но ако сме многу блиску до нив, уште поблиску од минатата сезона, тоа ќе биде одлично. Сепак, годината е долга, па сега е рано да се прават генерални заклучоци, изјави Фетел, кој ќе се обиде да ја донесе првата титула на Ферари кај пилотите од 2007-та.

Четирикратниот шампион со Ред Бул изјави дека во тимот има голема желба да се врати титулата во Маранело.

– Ова е нашата голема амбиција и цел за сезоната. Сите старееме, но и чекањето се продолжува, па сакаме да ставиме крај на тоа, додаде германскиот пилот.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ