Себастијан Фетел во 2015-та беше единствен кој се натпреваруваше со Мерцедес.
„Искрено, не очекував толку добра сезона. Конечниот резултат е многу добар. Победа во Малезија, Унгарија и Сингапур“, рече тој.
Сепак, Фетел не сака да живее во илузија и знае дека треба многу да работи.
„Имаме уште многу работа пред себе на сите полиња. Искрено, се радувам на одморот и фактот дека ќе бидам на едно место малку подолго време. А потоа ни следи напорна работа.“