Во Барселона денес започна второто тестирањето на болидите на Формула 1, во пресрет на новата сезона која започнува на 17-ти март, со трката во Австралија.
На стазата „Каталуња“ утринава имаше доста неизвесности, иако болидите сеуште се во подготвителна фаза. Скоро на секој круг се менуваа на врвот, а на крај сепак најбрз беше актуелниот светски првак Себастијан Фетел.
Последен денес својот болид (FW35), го претстави екипата на Вилијамс. Пастор Малдонадо брзо го загуби врвот, најпрво од Нико Розберг од Мерцедес, а потоа и од Серхио Перез од Мекларен.
Одредено време на врвот беше и шпанецот Фернандо Алонсо од Ферари, па потоа и Пол ди Рест од Форс Индија.
Сепак на тронот застана германецот Фетел, на кого и му припадна последните половина час возење, пред финецот Кими Раиконен.
На денешната тест трка немаше несреќи.