На првиот тренинг во пресрет на последната трка во сезоната, Големата награда на Бразил, на патеката Интерлагос најбрз беше Луис Хамилтон со само 9 илјадити делови од секундата предност пред Себастијан Фетел, додека трет беше Марк Вебер.
Но она што е побитно, единствениот преостанат кандидат за титулата светски првак, Фернандо Алонсо, заврши како петти, а помеѓу него и Вебер се пласираше вториот возач на Мекларен, Џенсон Батон.
Утрешниот тренинг и квалификации ќе поминат во дождливо време, што се очекува и за самата трка.
Во пресрет на последната трка Фетел има 13 бодови преност пред Алонсо и навистина треба да се случи чудо Шпанецот да ја надокнади разликата и по трет да ја освои титулата светски првак.
1. Hamilton (Meklaren) 1:14,026
2. Fetel (Red Bul) 1:14,300
3. Veber (Red Bul) 1:14,523
4. Masa (Ferari) 1:14,553
5. Alonso (Ferari) 1:14,592
6. Sumaher (Mercedes) 1:14,654
7. Rosberg (Mercedes) 1:14,669
8. Baton (Meklaren) 1:14,863
9. Grozean (Lotus) 1:14,994
10. Di Resta (Fors Indija) 1:15,129