Себастијан Фетел ќе го изгуби статусот на број еден во Ферари по новата грешка, што ја направи за ГН на Велика Британија, изјави поранешниот пилот во Формула 1, Ралф Шумахер.
Германецот ја започна сезоната цврсто со предност проитв Шарл Леклер, но неговата слаба презентација, грешките што ги прави и возењето на младиот возач, ги прави работите доста тешки за него.
Во неделата, Себ се удри во задниот дел од автомобилот на Макс Верстапен, кој категорично го надмина и не зеде поени од „Силверстоун“, па така неговата предност над Леклер сега е само 3 бода.
– Верстапен и Леклер водеа голема борба за долго време, што беше цврста, но чиста, додека искусниот Фетел веднаш згреши. Тоа не треба да биде случај, а Себастијан мора да биде внимателен бидејќи ќе го загуби својот статус како тимски број 1, а и Шарл има силна амбиција, рече Шумахер Џуниор.
До летната пауза остануваат трките во Германија и Унгарија, каде што на Фетел му се потребни многу силни резултати за да го намали притисокот врз себе, кој станува се поголем и посериозен.