Актуелниот шампион и лидер во Формула 1 шампионатот Себестијан Фетел ја обебзеди пол позицијата во пресрет на 17. трка во шампионатот, Големата награда на Индија.
Фетел во квалификациите постави време 1:25:283 минути и за само 44 илјадити делови од секундата беше подобар од клупскиот колега Марк Вебер.
Вториот стартен ред им припадна на пилотите на Мекларен, Луис Хамилтон и Џенсон Батон, додека Фернандо Алонсо и Фелипе Маса, возачите на Ферари ќе стартуваат од третиот стартен ред.
Најдобрите десет ги комплетираа Кими Раиконен (Лотус), Серхио Перез (Заубер), Пастор Малдонадо (Вилијамс) и Нико Розберг (Мерцедес).
Во пресрет на трката лидер во првенството е Фетел со 215 бодови, шест повеќе од Алонсо, следуваат Раиконен (167), Хамилтон (153), Вебер (152). Во конкуренција на конструктори на првото место е Ред Бул со 367 бодови, пред Ферари кој има 290, зад нив следуваат Мекларен со 284 и Лотус со 255 бодови.
Трката за Големата награда на Индија ќе се вози во недела со почеток во 10:30 часот по средноевропско време.