Трикратниот светски првак во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел го продолжи договорот со тимот на „Ред Бул“ до крајот на 2015 година. Со овој потег демантирани се шпекулациите дека од 2014 година Германецот ќе премине во „Ферари“.
За време на својата три и пол годишна кариера возејќи за тимот на „Ред Бул“, Фетел има остварено 29 победи, 51 подиум и 39 пол-позиции.
Во седумте трки од тековната сезона Фетел има три победи и со 132 освоени бодови е лидер во Генералниот пласман пред Фернандо Алонсо кој има 96 и Кими Раиконен кој се наоѓа на третата позиција со 88 бода.