Актуелниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел уште еднаш доминираше на патеката, овојпат во Сингапур.
Зад него заврши вториот во генералниот пласман Фернандо Алонсо, кој имаше одличен старт но немаше шанса против Фетел.
Трет заврши Кими Раиконен во Лотус, а Марк Вебер беше на четвртата позиција во последниот кругно му се запали моторот, па двата Мерцедеса, Розберг и Хамилтон, завршија на четвртото и петтото место, Маса заврши шести.